Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон денеска во Виндзор ги пречека членовите на кралската морнарица, јавуваат британските медиуми.
Принцезата од Велс претходно најчесто носеше фустани во комбинација со темни чорапи и салонки/чизми, а потоа со текот на времето во својот стил воведе и други парчиња облека, како елегантни одела. Покрај тоа што треба да се грижи за сите кралски должности, таа мора да биде и добра мајка, која се грижи за образованието на своите деца, добра и угледна сопруга, пријателка…
Токму таков модел облече и на денешната средба, за која „Дејли мејл“ пишува дека е нејзин ненадеен ангажман.
Што се однесува до стилот, Кејт никогаш не е неподготвена, па денеска ги пречека важните гости во одело од престижната модна куќа „Александар Меквин“ чии креации ги избра за најважните настани – и среќни и тажни, од нејзината свадба со Принцот Вилијам, крштевките на нивните деца, прослава на платинестиот јубилеј на кралицата до погребот на британската владетелка.
Елегантните костуми се одличен избор за секоја жена, тие во ова парче облека изгледаат „премоќно“ што може да се слушне во бројните коментари.
Креациите на овој бренд се прашање на престиж и важен симбол на одличен стил. Кејт Мидлтон важи за една од најдобро облечените жени во светот, по денешното издание нејзината модна репутација е уште посилна.