Елтон Џон (74) е принуден да одложи два проштални концерти во Далас бидејќи се заразил со корона вирусот.
Бидејќи примил три дози од вакцината, Џон има само благи симптоми и се надева дека многу брзо ќе се врати на местото на настанот и ќе ја продолжи започнатата турнеја, пренесува АП.
На сцената на „Американ ерлајнс центар“ во Далас беше планирано да настапи на 25ти и 26ти јануари, а сите што купиле билети за тие датуми нека ги задржат, бидејќи ќе важат за новиот датум на концертот, кој ќе да биде објавен наскоро.
Да се потсетиме, музичарот ја започна прошталната турнеја наречена „Farawell Yellow Brick Road“ уште во 2008ма година и планираше повеќе од 300 концерти за три години. Сепак, пандемијата на корона вирусот му ги наруши плановите и тој успеа да ги продолжи концертите што ги планираше за 2020 година во САД на 19 јануари оваа година.
Претходно Џон најави дека ги одложува европските концерти на својата светска турнеја до 2023та година, за да може да оперира повреден колк, наведува АП.