Емоција со илјада лица – манифестација на анксиозноста и како е да се ослободите од неа

popara3 ноември, 20221min00
Screenshot_2

Според процените на Светската здравствена организација, од депресија патат околу 300 милиони луѓе во светот, додека повеќе од 250 милиони луѓе живеат со различни облици на анксиозни нарушувања.

 

 

 

 

Физичките манифестации на анксиозноста, меѓу кои се онеспособувачки главоболки, краток здив, постојана вознемиреност, можат и наједноставните, секојдневните активности да ги направат невозможна мисија. Дури и кај луѓето што го немаат ова нарушување акутните напади на анксиозност, стрес поради работата или финансиски проблеми можат да доведат до слични симптоми.

 

Но, кога ќе ве „стегне“ анксиозноста, постојат начини да си олесните. Еве неколку совети од експерти што можат да ви помогнат во таквите ситуации.

 

Миење со студена вода

 

Кога ќе ве фати напад на анксиозност, измијте се со ептен студена вода.

 

– Сензорната стимулација со студена вода може да ги прекине дисоцијативните чувства што често ја следат анксиозноста и моментално ги олеснува непријатностите предизвикани од скокот на кортизолот – вели Шери Хелер, психотерапевт од Њујорк.

 

Стегање и отпуштање на дланките

 

Вежбањето е одличен начин да се ослободите од анксиозноста, но не треба да трчате среде паничен напад. Сепак, позитивен ефект може да има и простото стегање и отпуштање на дланката или активација на некои други мускулни групи, на пример, стегање и отпуштање на бутните мускули, советува Никол О’Прајс, терапевт од Вирџинија.

 

Повторувајте некоја смирувачка фраза

 

Длабоко вдишете и издишете најмалку трипати, вдишете преку нос, издишете преку уста. Повторувајте си во себе: „добро сум, на сигурно сум“. Би требало да почувствувате олеснување по неколкукратно повторување – вели психотерапевтот Керол Хауи од Орландо.

 

Препуштете ѝ се на анксиозноста

 

Да, добро прочитавте. Некогаш што повеќе даваме отпор, толку полошо ни е, објаснува Хауи. Наместо тоа, понекогаш е подобро едноставно да си признаеме дека се чувствуваме анксиозно и дека, во најмала рака, ни е многу непријатно.

 

– Ова може да звучи застрашувачко, но кога се обидувате да го негирате фактот дека сте анксиозни, само ја влошувате својата состојба. Затоа, понекогаш е во ред едноставно да ја прифатите реалната состојба на нештата и да оставете да помине – вели психотерапевтот.

 

Плачете

 

Ако ви се плаче, плачете. Солзите исцелуваат, вели Хелер. Плачењето има терапевтско дејство и често е знак дека има емоции кои мора да излезат надвор.

 

-Анксиозноста понекогаш е реакција на потисната тага и болка и во таквите случаи, ако свесно си дадете дозвола да се исплачете, тие солзи можат да ви донесат катарза, која е неопходна за да се смири нервниот систем – истакнува Хелер.

 

Исклучете се од социјалните мрежи, макар накратко

 

Лицата што патат од анксиозност понекогаш се чувствуваат како да се преплавени од туѓите чувства, вклучително и притисокот од создавање совршена слика на социјалните мрежи.

 

Според Лорин Роуз, психотерапевт од Њујорк, кога сте анксиозни, постојаното проверување на социјалните мрежи може само да ја влоши состојбата. Затоа се препорачува одвреме-навреме да се исклучите.

 

Социјалните мрежи и интернетот генерално ги влошуваат анксиозноста и стравовите, понекогаш поради полувистинити или целосно невистинити информации, понекогаш поради впечатокот дека сите други живеат совршени животи. Кога имате лош ден, заборавете дека постојат Инстаграм, Фејсбук, Твитер и интернетот.

 

Посветете му внимание на опкружувањето

 

Советот да не размислувате за тоа како се чувствувате моментално се чини бесмислен. Од една страна и е, како да не размислувате за тоа како се чувствувате кога имате чувство дека целиот свет ви се руши, од друга страна… ако се обидете да ги оттргнете мислите од нешто банално, од опкружувањето во кое се наоѓате, тоа може да ви помогне.

 

– Обидете се, на пример, да преброите колку различни бои може да видите од местото на кое стоите. Ако почувствувате дека ве фаќа паника, овие едноставни техники можат да ви помогнат да се смирите – советува Џулија Коланџело, клинички психолог од Њујорк.

 

Запишете го тоа што ве мачи

 

Нештата може да изгледаат поинаку кога ќе ги ставите на хартија. Кога ќе ги преточите своите грижи во пишана форма, тоа ви овозможува да ги согледате од друга перспектива и да станете свесни дека можеби не е сѐ толку страшно како што ви изгледа кога размислувате за тоа.

 

Соочете се со она што ја предизвикува анксиозноста

 

Ова е прилично ефикасна стратегија.

 

-Анксиозноста се храни со избегнување. Кога ќе ве вознемири едно можно сценарио, вие ќе дадете сѐ од себе да го избегнете. А тоа само ќе ја засили вашата вознемиреност. Наместо тоа, обидете се да се соочите со сопствените стравови. На пример, ако ве вознемирува тоа што морате да се појавите на некое јавно место, одете таму и издржете пет минути. А ако ги издржите тие пет, остануваат уште пет… По некое време вашето тело ќе се смири, а анксиозноста ќе исчезне. Или ќе се ублажи доволно за да можете да ја држите под контрола – советува Роберт Даф, психотерапевт.

 

Побарајте стручна помош

 

Ако видите дека не можете сами да се и зборите со ситуацијата, ако анксиозноста ве спречува нормално да функционирате, побарајте стручна помош.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag