Актерката Ен Хатавеј изгледаше прекрасно додека седеше во првиот ред на шоуто на Мајкл Корс пролет/лето 2023 година.
Актерката на ревијата пристигна во црна ролка, која ја спои со здолниште со кафеава крокодилска шема и црни мокасини, а над него облече кафено палто од ист материјал како и здолништето.
Во раката носеше црна чанта, додека косата и беше врзана во високо опавче. Елегантното издание го комплетираше со пристојни парчиња накит.
Актерката ревијата ја следеше од првиот ред, а придружувана, меѓу другото, беше од долгогодишната уредничка на Вог, Ана Винтур.
Веројатно ова беше причината поради која ова издание на актерката многумина ги потсети на едно нејзино издание во популарниот филм „Ѓаволот носи Прада“.
Да потсетиме дека токму Ана Винтур послужи како инспирација за ликот на главниот уредник на престижното модно списание во филмот „Ѓаволот носи Прада“. Тој лик се викаше Миранда Пристли, а неа ја глумеше Мерил Стрит.
Ен Хетвеј во истиот филм го играше личниот асистент на Миранда, Енди Сакс.
Во една од сцените од филмот, Енди, исто како и Ен вчера, ја тргна косата од лицето и шеташе низ градот во кафена кожна јакна, а вчерашниот аутфит на актерката многумина ги направи носталгични и ги потсети на сцени од 16-години стариот филм.
Според многумина, една од главните причини зошто се случи тој дежаву момент се шишките кои се заеднички на актерката и ликот што го толкуваше.