Знаат да бидат незгодни за јадење. Каде да се започне? Дали од страна, или од преливот, без да се извалкате целосно?
Дали некогаш сте успеале да го јадете овој десерт без шлаг или прелив по целата горна усна, нос или брадата?
Затоа оваа млада холивудска актерка во една емисија го сподели трикот за јадење ’’капкејкс“ и веројатно им го олесни животот на луѓето ширум планетата.
Во едно гостување, во шоуто на Кели Кларксон, се покажа дека Хатавеј е многу практична и сака да ги трансформира своите колачи во „сендвичи“. „Не знаев дека ова е толку необично додека не бев на 40-тиот роденден на мојата пријателка Стеф. Таа беше заразена, па не можевме да јадеме торта, и направивме колачиња. И така го зедов мојот капкејк и го направив ова и сите ме гледаа со воодушевено“.
„Значи, го земате горниот дел, го кршите на половина и го превртувате. Така нема да се извалкате со топингот“.
Фановите ширум светот беа воодушевени од овој трик, што можеше да се види во коментарите на YouTube.