Модната дизајнерка Донатела Версаче има направено безброј естетски операции. На модната недела во Милано, нејзиниот изглед беше мета на коментари.
Како и секогаш, Донатела Версаче привлече големо внимание на модната недела во Милано, а не изостанаа и коментарите за нејзиниот изглед. Дизајнерката има 67 години, а има направено безброј естетски зафати.
По модната ревија која се одржа во рамките на Миланската модна недела беа објавени бројни коментари за физичкиот изглед на Донатела. Таа се појави во елегантно црно издание, облечена во долг црн фустан и лакирани чизми.
Нејзиното лице на кое се гледаат резултатите од премногу козметички зафати го засени целиот настан. Пред да стане зависна од операции, Донатела можела да се пофали со природна убавина, па многумина коментираат дека била преубава, а операциите ја уништиле.
Со операции започнала во 1995 година, а биле потребни само 3 години за нејзиниот изглед драстично да се промени. Нејзиниот изглед стана мета на негативни коментари, но тоа не ја спречило. Прекумерната употреба на ботокс, искривените усни и отеченото лице ја издигнаа на самиот врв на листата на светски ѕвезди кои претерале со естетски зафати и го промениле својот личен опис.
И покрај големиот успех што го постигна и звучното име што го изгради, првата асоцијација на неа е естетската хирургија. Единственото нешто што не се променило со текот на годините е нејзината изразито руса коса.