Речиси секоја жена сака да има долги и добро дефинирани трепки, а во некои случаи тие се речиси незаменливи.
Токму затоа, шминкерот Али Андреа, која потекнува од Париз, го откри најлесниот начин да постигнете таков ефект со помош на едноставен трик.
Таа на социјалните мрежи објави видео во кое детално ја објасни целата процедура – се што треба да направите е да ја ставите четката за маскара во самиот корен на трепките (што е можно поблиску до окото.
@aliandreeamakeup You have got to try this today! Let me know how it goes! #makeupartist #mascarahack #makeuptutorial #makeuptips #makeuptiktok #makeupchallenge
– Завртете ја четката додека полека трепкате. Ова ќе помогне да се пренесе производот на линијата на трепките, правејќи ги да изгледаат подебели и пополни. На овој начин ги туркате трепките од самата основа и ќе добиете должина, како и ефект на црн ајлајнер ако ја доближите четкичката доволно блиску до линијата на трепките.