Ефтини, а толку меки и воздушести: Мини пити со јогурт готови за 20 минути

popara24 декември, 20221min00
351669_piticeshutterstock-287723531_ff

Ако сакате да подготвите појадок, но немате многу време, не очајувајте. Се што ви треба се готови кори и малку јогурт.

Ви носиме рецепт кој ќе стане омилен на целото семејство, бидејќи се подготвува брзо, вкусен е и многу лесен за правење.

За вкусните мали пити да се најдат на вашата семејна трпеза, потребни ви се следните состојки.

1 пакување кори
2 чаши јогурт
3 јајца
малку масло
прашок за пециво на врвот на ножот
сол по вкус

Начин на подготовка:

Во сад изматете ги јајцата, па додајте го јогуртот и солта по вкус. Одделете ги корите за пита и кинете ги дел по дел, па потопете ги во смесата. Можете да додадете и малку масло за да станат покремасти и да не се залепат. Во плех за мафини ставете ги натопените кори. Одозгора посипете малку сусам, а ако ви се допаѓа тој вкус, можете да додадете и оригано.

По вкус, можете да додадете некои други состојки како шунка, сирење, зеленчук, спанаќ.

Кога ќе се наполнат сите калапи на плехот, ставете го во рерна загреана на 220 степени да се пече околу 15 до 20 минути. Проверете со вилушка или чепкалка дали е готово. Ако ништо не остане на чепкалката за заби, питите се готови. Извадете ги од калапот и уживајте. Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma