Во новиот документарен серијал „The Checkup with Dr. David Agus“, холивудскиот актер Ештон Качер отворено проговори за церебралната парализа која му е дијагностицирана на неговиот брат близнак, но и за тоа дека размислувал да си го одземе животот.
Ештон има брат близнак Мајк, кому лекарите во неговите тинејџерски години му кажале дека неговата церебрална парализа дополнително се влошила.
Размислувал да си го одземе животот
Во тој момент Ештон размислувал да си го одземе животот бидејќи на неговиот брат му била потребна трансплантација на срце.
– Си мислев: Ако некој е соодветен донатор, тогаш тоа сум јас. Потоа почнуваш да ги вртиш овие мисли во глава: овој балкон изгледа доволно високо. Мислам дека моментот кога застанав на балконот и реков: „Јас сум соодветен донатор“, веројатно беше точниот момент кога се случи промената, каде што си помислив: „Како можам да бидам ваков среќник, а брат ми се родил со церебрална парализа и му треба трансплантација на срце?“ – се присети Кучер.
Мотивациски говорник
За среќа, Мајкл успеал да најде донатор и денес работи како мотивациски говорник. Самиот Ештон оваа година помина низ тежок период бидејќи неговото здравје беше загрозено.
Тој се бори со васкулитис, автоимуно нарушување поради кое во неколку ситуации не може да гледа, слуша или оди.
– Ја имам оваа чудна, супер ретка форма на васкулитис, која ми го расипа видот, ми го расипа слухот, ми ја наруши рамнотежата – рекол актерот.