Жените кои го губат циклусот пред 40-тата година ги демне опасна болест: Дали се виновни хормоните?

popara5 март, 20221min00
shutterstock495313915-830x0 (1)

Жените кои влегуваат во предвремена менопауза, пред да наполнат 40 години, се изложени на поголем ризик да имаат деменција од жените кои влегуваат во менопауза на возраст од 50 до 51 година, покажаа резултатите од британско-кинеско истражување.

Истражувачите анализирале податоци од 153.291 жена во Велика Британија со просечна возраст од 60 години. Дијагнозата на било кој тип на деменција (Алцхајмерова болест, васкуларна деменција) беше поврзана со возраста на менопаузата.

Утврдено е дека жените кои влегле во предвремена менопауза – пред 40-годишна возраст, имаат 35% поголема веројатност да добијат дијагноза на деменција во текот на нивниот живот. Оние кои влегле во менопауза пред 45-годишна возраст имале 1,3 пати поголема веројатност да станат дементирани пред 65-тата година.

Конечно, жените кои влегле во менопауза по 52-та година имале сличен процент на ризик за развој на деменција како оние со менопауза на возраст меѓу 50 и 51 година.

„Постојат неколку начини на кои жените кои влегуваат во менопауза предвреме може да го намалат ризикот од деменција“, вели д-р Вендинг Хао од Универзитетот Шандонг во Кина.

– Рекреативно вежбање, престанок со конзумирање тутун и алкохол, одржување на нормална телесна тежина, доволна количина на витамин Д и, доколку вашиот лекар препорача, суплементација на калциум, може да го намалат ризикот.

Истражувачите процениле дека намалувањето на нивото на естроген по менопаузата може да биде причина за поврзаноста помеѓу предвремената менопауза и деменција.

– Знаеме дека недостатокот на естроген на долг рок го зголемува оксидативниот стрес, кој може да го забрза стареењето на мозокот и да доведе до когнитивно оштетување – вели д-р Хао.

Тој додава дека лекарите треба внимателно да ги следат сите симптоми на когнитивно оштетување кај жените кои влегуваат во менопауза пред 45-тата година од животот.

Деменцијата предизвикува сериозни промени во мозокот, ја нарушува способноста за паметење и донесување одлуки. Најчеста форма на деменција е Алцхајмерова болест, а втора најчеста е васкуларната деменција. И двете се јавуваат во старост. Други болести кои влијаат на мозокот, исто така, може да доведат до деменција; кај некои луѓе, деменцијата може да биде предизвикана од комбинација на неколку фактори.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma