Најважно од се е тоа што е многу едноставна
Сè повеќе истражувања потврдуваат дека алергиите на храна, чувствителноста и интолеранцијата на различни намирници се шират побрзо од кога било. „Тоа се случува и со храна која се смета за многу здрава“, вели д-р Винсент Педре, кој исто така се сретнал со случаи на алергии на јогурт или специфични видови риби во својата пракса.
– Пациентите се труделе максимално да ја јадат оваа здрава храна, а со тоа несвесно го повлекувале чкрапалото на општо воспаление во телото. Поради тоа не можеле да се ослободат од вишокот килограми, сите процеси на стареење им се забрзале и често се разболувале – вели д-р Педре.
За да се спречат овие проблеми, треба да се започне со елиминациска диета – да се исфрли од исхраната потенцијално проблематичната храна – млечни производи, јајца, месни производи, како и масна риба.
– Потоа постепено враќајте по една намирница и следете ги реакциите на организмот – објаснува д-р Педре, во својата глобално популарна книга „Среќен стомак“.
Обрнете особено внимание на знаците како затнат нос, главоболка, непријатност во стомакот, замор или чешање. Кога ќе дознаете која намирница ги предизвикува и ќе ја отстраните од исхраната, ќе се врати нормалниот метаболизам, а слабеењето ќе продолжи со нормално темпо.
– Кога ќе ја елиминираат храната што им пречи, луѓето губат, во просек, околу 250 грама дневно – вели д-р Педре.