Познатата бразилска манекенка Жизел Бундшен е фотографирана со нејзиното ново момче, пренесе Page Six.
По разводот од Том Брејди, Бундшен стапи во врска со друг спортист. Фотографирана е во друштво на Жоаким Валенте.
Погледнете ТУКА
Иако не е познато кога почнала романсата, факт е дека Бундшен, Валенте и неговите браќа во 2021 година снимаа за магазинот Dust.
Манекенката во февруари го спомна семејството Валенте, велејќи дека се „одлични учители“. За самиот Жоаким не се познати многу детали. Научил џиу-џицу од татко му, а во 2007 година од Бразил дошол да живее во Америка, пренесе Marca.
Дипломирал криминологија, а сега живее во Мајами, каде е седиштето на спортската академија на браќата Валенте.