Принцезата Дијана беше една од најомилените принцези, а нејзината приказна ќе ги интригира генерациите.
Дијана Спенсер секогаш била чекор понапред, ги воспитувала своите деца на начин што бил спротивен на ставовите на британската круна, а принцовите Вилијам и Хари се единствените претставници на кралското семејство кои посетувале државно училиште.
Принцот Чарлс ѝ нанел многу проблеми на Дијана, а неговите измами и интриги дури ја навеле Лејди Ди да се обиде да се самоубие.
Во последниот документарен филм кој се снима за животот и смртта на принцезата Дијана, беа откриени многу детали, како и фактот дека принцезата се плашела за својот живот и претчувствувала дека ќе и се случи нешто лошо.
Една од бизарните грешки на британскиот двор, пренесува Историски забаваник, се заедничките фотографии на наизглед среќната кралска двојка. Имено, принцезата Дијана на секоја фотографија е во прегратките на принцот Чарлс, насмеана и самоуверена, изгледа како да е барем десет сантиметри пониска од сопругот, но всушност во реалноста биле со иста висина. Двајцата се високи 178 сантиметри.
They were the same height pic.twitter.com/I9YVAcU4hn
— Philip N Cohen (@familyunequal) March 18, 2017
Се чини дека фотографите од Бакингемската палата мислеле дека наследникот на британската круна ќе добие мажественост и сила со тоа што ќе биде прикажан повисок од неговата „поубава половина“.
Она што е познато е дека при јавните настапи, доколку принцезата Дијана била во присуство на принцот, таа секогаш носела рамни чевли или балетанки за Чарлс да изгледа барем малку повисок.