„Мажите се од Марс, жените од Венера“ е името на една од најпознатите книги за партнерства меѓу мажи и жени, а за нејзината вистина ќе посведочи секој кој некогаш имал врска со спротивниот пол.
Понекогаш се чини дека сме од друга планета, а мажите секако мислат така. Ова е особено видливо кога поставуваат прашање за некои „женски работи“ и покажуваат недостаток на разбирање и незнаење за тоа како всушност функционираат жените.
Зачудувачки е што и денес, кога на дофат имаме информации за се што можеме да замислиме, сè уште има мажи кои имаат крајно погрешни претпоставки за тоа како функционира женското тело.
Со оваа тема се занимавал еден корисник на Редит кога на споменатата социјална мрежа го поставил прашањето: Жени на Редит, кој е вашиот „жените не функционираат така“ момент?
Пристигнаа илјадници одговори, кои многу јасно ставија до знаење дека образовниот систем изневерил многу од мажите.
- „Не мочаме од вагината“, напиша една корисничка за женската анатомија што мачи многу мажи. „Тоа е уретрата“.
- „Имав пријател на факултет кој мислеше дека менструацијата е сина, како што се гледа во рекламите за влошки“, пренесува „miss7.24sata.hr“.
- „Еднаш имав многу забавен разговор со еден господин. Човекот беше збунет бидејќи не знаеше зошто ни требаат влошки. Ме праша зошто едноставно не одиме почесто во тоалет за време на менструацијата. Мислеше дека можеме да ја задржиме крвта, како што тоа го правиме со урината, а влошките служат само ако се случи несреќа. Неговото размислување беше дека доколку жените бидат повнимателни, нема да ни требаат производи за менструација“.
- „Најдобрата ситуација на која можам да се сетам беше разговорот со пријател и неговата сестра, која исто така е мајка. Сестра му доеше и во еден момент рече: „Не знам дали имам доволно млеко за бебето“. еден пријател љубезно предложи некој друг да скокне за да помогне во доењето, на пример јас. Му реков дека не дојам затоа што немам дете. Тој беше искрено шокиран затоа што не можеше да верува дека само жените кои раѓаат можат да дојат, убеден дека секоја жена има гради полни со мајчино млеко во секое време. Тогаш имаше 25 години“.
- Секогаш кога ќе слушнам некој маж да коментира дека вагината е влажна поради x, y причини, губам пет години од животот. Ако жената со која е интимен е „опуштена долу“, тоа не е затоа што спиела со еден куп мажи, туку затоа што е навистина возбудена и вие ја привлекувате. Тоа е добра работа“, им рекла една корисничка на сите мажи.