Има корисен ефект врз телото
Ловоровите листови се богати со хранливи материи. Содржат фитостерол, линалол, есенцијални масла, танини, камфор и киселини.
Накратко, ловоровиот лист е богат производ кој му помага на нашето тело да ги надокнади елементите што ни недостасуваат. Комбинацијата на мед и ловоров лист само ги подобрува неговите лековити својства, бидејќи медот е богат со корисни витамини и микроелементи.
Оваа комбинација помага при болки во зглобовите, бидејќи го отстранува вишокот сол од телото.
Како да го направите овој народен лек?
Користете едно пакување ловорови листови и 3 лажици мед. Прво ставете ги ловоровите листови во тенџере, а потоа додадете околу 1,5 л вода и оставете го околу 20 до 30 минути. Ловоровиот лист сварете го на шпорет така што ќе оставите водата да зоврие, а потоа да вари 5 минути. После тоа, тргнете го ловоровиот лист од шпоретот.
Ладете го добиениот чај околу 40 минути на собна температура. Извадете ги листовите од чајот, а потоа додадете 3 лажици природен мед. Добиениот чај со мед се пие секој ден по третина шолја во текот на 5 дена.
После ова, направете пауза од околу 3 недели.