
Колку и да чистиме често, многумина од нас имаат проблем со прашината која постојано се собира на мебелот и предметите.
Даваме пари за скапи препарати. Дел од нив помагаат, дел воопшто не го даваат посакуваниот ефект, но сепак постои и решение за прашината кое може да го подготвите сами во кујната.
Ефикасно, а воедно и не е штетно за нашето здравје. Исто така, евтино и брзо. Еве како да направите домашен спреј кој ја одбива прашината.
СОСТОЈКИ:
- 1 шолја вода
- 1,4 шолји алкохолен оцет
- 2 лажички маслиново масло
- 10 капки есенцијално масло по желба
ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА:
Се мешаат сите состојки во празно шише, и добро се протресува шишето пред употреба.
Се прскаат сите површини или се става од спрејот на крпа и се поминува врз предметите и мебелот.
Инаку, оваа комбинација е моќна бидејќи оцетот е познат како универзално средство за чистење и отстранување дамки, малиновото масло нема да дозволи прашината брзо да се собира, а есенцијалното масло, има антибактериско дејство и остава опоен мирис.