Ако забележите, веднаш одете на ЛЕКАР: Дури 70 проценти од луѓето ги почувствувале овие симптоми еден месец пред СРЦЕВИОТ НААРК

23 септември, 20220
Screenshot_5

Општо е познато дека симптомите на срцев удар може да се воочат и пред да дојде до него. Нападот може да биде ненадеен и без предупредување, што го прави еден од најсмртоносните медицински состојби.

 

 

 

До срцев удар доаѓа кога ќе се затне коронарната артерија. Поради тоа, крвта не може да дојде до срцето и тоа престанува да работи. Кога ќе дојде до срцев удар, ткивото умира поради недостаток на доток на крв и лицето доживува неверојатна болка. Доколку нема медицински персонал во близина кој веднаш би го спречил нападот, изумирањето на ткивото може да биде фатално.

 

Затоа ќе ви претставиме симптоми кои можат да укажат на можен срцев напад во иднина. Се наведува дека тие може да помогнат да се предвиди срцевиот удар и до месец дена однапред.

 

Неверојатен умор

Кога стеснувањето на коронарната артерија ќе го достигне опасното ниво, срцето прима помалку крв поради што работи повеќе од вообичаеното и што доведува до умор.

 

Губење здив

Доколку тешко доаѓате до здив, постои ризик дека ќе доживеете напад. Кога срцето добива помалку крв, помалку кислород доаѓа до белите дробови – што доведува до губење на здив. Кардиоваскуларниот и респираторниот систем потполно зависат еден од друг, така што тоа може да биде добар показател.

 

Слабост

Кога вашето тело нема доволно кислород поради намален проток на крв, ќе се чувствувате послабо од инаку. Тоа е затоа што стеснувањето на артеријата ја намалува циркулацијата, поради што мускулите не добиваат доволно крв.

 

Вртоглавица и/или ладна пот

Кога доаѓа до срцев удар, може да доживеете необични бранови на ладна пот и/или вртоглавици. Слабата циркулација го оневозможува дотокот на крв во мозокот, што предизвикува вртоглавица, посебно кога нагло ќе станете од столче или кревет.

 

Непријатност во градите

Недостатокот на кислород поради намалениот проток на крв, може да предизвика непријатно чувство во градите. Болката може да се зголемува сѐ до моментот додека не настапи срцевиот удар.

 

Што да се направи?

Доколку имате дел од овие симптоми или повеќе од нив, би требало веднаш да побарате совет од лекар. Ова се индикатори дека постои ризик од срцев удар, а најдобар начин тој да се спречи е да се реагира штом се забележат симптомите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *