Заборавете на стругањето и лупењето: Како лесно да го отстраните гел-лакот од ноктите во 5 чекори? (ВИДЕО)

popara27 септември, 20221min00
shutterstock_1180102504-2048x1306

Најважно е да се избегне оштетување на ноктите

Испуканите нокти се нешто што секоја жена најмалку го посакува, а се случува да ни треба промена во последен момент. Познато е дека денес корекција на ноктите се закажува неколку недели однапред, но што правите кога сте „принудени“ сами да ги поправите?

Повеќето жени мислат дека е многу тешко да се отстрани гел-лакот, па некои се одлучуваат за најлошата можна опција – лупење до изнемоштеност. На овој начин може да се оштетат ноктите, а има одлично решение како да се спречи лупење и истенчување.

Пет чекори што треба да се следат:

Турпијајте ги ноктите

Земете фина турпија и нежно почнете да го отстранувате површинскиот слој. Ова треба да го правите додека не ја достигнете основната боја, со што ќе дозволите ацетонот да навлезе до најдлабоките слоеви. Кога ноктот ќе стане мат, тогаш можете да преминете на следниот чекор.

Заштитете ги кутикулите

Многу жени мислат дека ова не е важен чекор, а тоа е далеку од вистината. Идеално е да ги заштитите кутикулите со нанесување масло или крем, бидејќи ацетонот многу ја суши кожата. Иако нема да им наштети на вашите нокти, имајте на ум дека кутикулите се доста чувствителни.

Завиткајте ги ноктите

Во овој чекор најважно е да натопите памучна вата со ацетон. Важно е да имате висок процент на ацетон во трајниот отстранувач на лак, бидејќи послабите нема добро да делуваат. Нанесете ги памукчињата на секој нокт поединечно, а потоа завиткајте ги со алуминиумска фолија. Ако сакате, можете да ставите и ракавици над сè. Со така завиткани нокти почекајте добри 15 минути.

Отстранете ја преостанатата боја

Отстранете ја фолијата и памучната вата, па проверете дали е отстранет лакот. Ако тоа не се случи, треба да го повторите претходниот чекор, а потоа чувајте го памукот натопен со ацетон уште пет минути. Не ги притискајте или гребете ноктите, бидејќи плочата е доволно мека и може да се оштети.

Хидрирајте ја кожата и ноктите

Ако сте го отстраниле гел-лакот, ќе забележите дека вашата кожа е многу сува, како и вашите нокти. Се што треба да направите е да ги измиете рацете и да нанесете хидратантна крема. На ноктите им треба една недела за целосно закрепнување, па затоа би било идеално повторно да го нанесете гел-лакот токму тогаш.

Погледнете како изгледа деталната процедура:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma