ЗАБРАНИТЕ НЕ СЕ РЕШЕНИЕ Здрава исхрана за целото семејство

popara13 јули, 20221min00
Screenshot 2022-07-13 022200

Дали се обидувате да се храните поздраво, но имате проблем да го вклучите целото семејство?

Ако одговорот е да, не сте сами. Со внимателно планирање и подготвеност да бидете флексибилни, можнете вашето семејство да го научите на поздрави навики.

Совршенство не постои

И покрај тоа што можеби верувате на социјалните мрежи, не постои совршен начин да се храните поздраво. Ова значи дека вашите оброци не мора да бидат скапи, комплицирани, да одземаат многу време или да бидат совршени.

Наместо тоа, важно е да бидете реални и да направите се што можете за да му помогнете на вашето семејство да направи здрав избор.

Избегнувајте забрани

Иако некои состојки се секако похранливи од другите, важно е да негувате здрав однос со храната избегнувајќи зборови како „лошо“ или „недозволено“.

Јадете подобро за здравје, а не заради тежината

Не само што диетите се несоодветни за децата, туку и разговорот за телесната тежина пред децата може да биде проблематичен. Наместо да зборувате за калории или масти, фокусирајте се на придобивките од храната, како што се вкусот или хранливите материи.

Едноставно планирање на оброци

Планирањето е одлична стратегија за заштеда на време бидејќи треба да одите на шопинг само еднаш или двапати во текот на неделата. Сепак, изборот на рецепти може да биде тежок. Друг совет е планирањето на оброците да биде заеднички процес со тоа што ќе имате хартија или табла со бришење при рака во кујната за да создадете список со оброци во кој може да придонесе целото семејство.

Ви здодеа да правите исти оброци секоја недела? Прелистајте ги старите книги за готвење кои можеби собираат прашина во подрумот или таванот и обележете ги интересните рецепти.

Јадете заедно

Споделувањето на семејниот оброк има бројни придобивки, вклучително и поттикнување на поздрави навики во исхраната, поврзување и помагање на социјалниот и емоционалниот развој. Понатаму, студиите покажуваат дека децата од семејства кои јадат заедно имаат тенденција да јадат помалку брза храна и повеќе овошје и зеленчук.

Постојат придобивки и за возрасните. Една студија покажа дека родителите кои учествуваат во семејните вечери имаат повисоки нивоа на самодоверба и помали стапки на депресија и стрес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma