Дома имате се што ви треба
Домаќинките знаат колку е тешко да се исчисти и измие тавата со загорени остатоци од храна. Освен тоа, тавите се многу мрсни, па нивното чистење одзема премногу време.
Она што на повеќето луѓе им предизвикува главоболка е моментот кога ќе ја измиете тавата и потоа ќе ја превртите и ќе ја погледнете изгорената задна страна.
Првото нешто што ви паѓа на ум е дека никогаш нема да можете да ја исчистите задната страна.
Сепак, постои решение и за овој проблем.
За овој трик ви треба:
- 1 кесичка сода бикарбона
- 1 кесичка лимонтус
- алкохолен оцет
- детергент за миење садови
- метална жица
- хартиени марамчиња
Постапка:
Посипете ги лимонтусот и сода бикарбоната на задниот дел од тавата, а потоа истурете го детергентот. Сè добро истријте со метална жица, а потоа покријте го задниот дел од тавата со хартиени марамчиња и прелијте ги со оцет.
Оставете да отстои 15 минути, а потоа тргнете ги марамчињата и измијте ја тавата со детергент и топла вода.
Постапката можете да ја повторувате додека не го постигнете посакуваниот резултат.