Полнетите пиперки се класика која го одбележа нашето детство, а ние и денес уживаме да ги подготвуваме. Пробајте го рецептот за печени полнети пиперки. Лесни се за подготовка, а вкусот ќе ве воодушеви!
Состојки:
800 гр мешано мелено месо
1 конзерва пелат (400 g)
1 тиквичка
1/2 л густ сок од домати
сол, шеќер
рендано сирење
Подготовка:
Пиперките исчистете ги и исечете ги на половина, па ставете ги во плех. Месото измешајте го и наполнете ги пиперките. Врз пиперките изрендајте малку сирење и покријте ги со прстени од тиквички.
Измешајте ги пелатата, солта и шеќерот и прелијте преку пиперките.
Се пече околу 2 часа на 130 степени, а потоа се зголемува температурата на 180 околу уште еден час.