Понекогаш се прават грешки кои можат да бидат виновниците затоа што се чувствуваме непријатно во облеката и поради кои изгледаме подебели отколку што навистина сме.
Затоа внимателно изберете ја вашата гардероба и избегнувајте ги овие грешки во широк лак. Ќе ви го уништат изгледот и ќе направат да изгледате подебели и до 5 килограми.
1. Светли фармерки
Фармерките со изветвени бутови прават дури и потполно слабите жени да изгледаат пополни.
За да го избегнете ова, според модните експерти, вообичаена грешка што ја прават жените, секогаш избирајте потемни модели на фармерки кои ќе и додворуваат на фигурата.
2. Претесна гардероба
Претесните маици, фустани, здолништа или панталони визуелно ќе направат да изгледате како да се борите со вишокот килограми. Не се водете според големината што е напишана, бидејќи големини варираат од производител до производител, туку според тоа како нешто ви одговара. Изборот на моделите кои ве затегнуваат е најголемата грешка, ништо полошо не можете да направите за вашиот изглед.
3. Премногу широка гардероба пак, не е добро решение
Во последно време во тренд се пошироките кроеви, но и тука не треба да претеруваме. Бидејќи тесната гардероба не е добра, премногу широките парчиња не се паметен избор. Вие ризикувате да изгледате неуредно и дебели во нив.
Доколку ви се допаѓаат „baggy“ парчиња, задолжително секогаш комбинирајте ги со некој друг потесен предмет, на пример, широк дуксер и хеланки.
4. Избирате погрешни чевли
Како што облеката може да направи фигурата да изгледа неконзистентно, така може и чевлите. Лошиот избор на модели може визуелно да ја скрати ногата и да изгледа пополно. Избегнувајте плитки чизми исечени на средината на листот, заоблени чевли, а ако сте пониски, чизмите над колена не се за вас.