Зарем и ова се враќа?! Кејти Холмс го оживеа омразениот тренд од 2000-тите и го „сруши“ интернетот

popara13 декември, 20221min00
f_27291697_1280

Ако и вие сте меѓу оние кои се плашат од заборавените трендови од раните 2000-ти, имаме лоши вести за вас. По враќањето на панталоните со низок струк и тексас во сите негови форми, благодарение на Кејти Холмс повторно оживеа уште еден моден хит, за кој многумина очекуваа да остане во минатото.

image

Се чини дека Кејти викендов носталгично се присети на своите модни и актерски почетоци, кога се прослави со улогата на Џои Потер во Dawson’s Creek. Имено, за iHeartRadio Jingle Ball избрала стајлинг кој како да излегол од тој период, смело комбинирајќи краток фустан – со фармерки.

Таа избра избледен модел на панталони без раб и ги спои со ултра-краток темносин фустан со структурирано деколте во форма на апстрактна машна. Она што ја направи оваа комбинација уште повирална на социјалните мрежи е изборот на обувки на Холмс. Имено, таа по црниот тепих прошета во црни New Balance патики со тенок ѓон.

„Кејти Холмс се разбуди и одлучи дека е 2002 година“, напишал корисник на Твитер покрај фотографијата на актерката од настанот. „Сите сакавте да се врати модата од 2000-тите и погледнете што направивте. Чудовишта“, се пошегува друг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma