
Годините минуваат и тие се уште се тука
Што се однесува до фризурите, одредени стилови излегоа од мода набргу по нивното појавување, и не оставија значаен белег. Сепак, овие две фризури го издржуваат тестот на времето.
Нивната предност е што и двете се неверојатно лесни за одржување, погодни за сите прилики, а пред се убави.
Исто така, им стојат на апсолутно сите.
Паж
Паж или боб фризурата е една од најистрајните во модниот свет, ако се земе предвид дека се појавила пред стотици години.
Помина низ бројни фази, а и во различни форми секогаш беше во тренд.
Вистината е дека на секого му стои убаво, и одговара на секој облик на лице.

Степенесто шишање
И оваа фризура е во мода со децении.
Со оглед на начинот на кој е направена фризурата, не ви е потребен посебен труд за да ја средите.
Доволно е да ја исушите со фен и малку да ја изгужвате со пена за коса.
Со неа ќе зрачите слобода и нескротливост.