„Зацртав дека ќе имам 55 килограми“: Дара Бубамара драстично ОСЛАБЕ и нема намера да престане (ФОТО)
Пејачката сега внимава што јаде
Пејачката Дара Бубамара често е критикувана поради својот изглед. Многумина ја нападнаа и тврдеа дека премногу ги фотошопирала своите слики. Сепак, Дара решила да ги земе работите во свои раце и да ги запре обвинувањата.
Таа сега се грижи за исхраната и се труди линијата да ја доведе до совршенство. Веќе видно ослабела, но нема намера да застане тука.
„Сега сум на диета, планирам да имам 55 килограми. Во јануари одмарам, одам во Дубаи, ќе одморам, ќе бидам со моето друштво“, изјави Дара за „ Ексклузивно“.
Таа кажа и што ќе облече за Нова година, па можеби фустанот е мотив за желбата на пејачката да ослабе.
“За Нова година мора да биде малку попразнично и некако поинакво, не како секој ден. Сакам да биде навистина елегантно”, истакна Дара.