Заштитете ги вашите преубави нокти: 5 трикови со кои вашиот МАНИКИР ќе трае подолго

popara24 август, 20221min00
nokti-manikir-lak-sjaj-2048x1367

Лакот ќе остане на ноктите и до една недела

Сите дами го знаат тоа чувство на задоволство кога прават маникир и се презадоволни од неговата убавина, вистинска мала уметност.

Исто така, познато е чувството на разочарување кога ќе почне да се лупи по само неколку дена, иако сте направиле се како што треба.

Неуредните нокти, излупениот лак или оштетениот гел можат многу да ја расипат не само убавината на рацете, туку и целокупниот изглед. За овие појави најчесто придонесуваат секојдневните активности, но за среќа, постојат методи со кои можете да ги заштитите вашите нокти додека сепак ги извршувате сите ваши секојдневни обврски.

Користете масло за кутикули

Со цел рацете генерално да изгледаат уредно, треба секојдневно да го користите маслото за кутикулите. Станува збор за препарат кој ја хидрира кожата околу ноктите, а и самите нокти, што е многу важно бидејќи лакот побрзо се лупи од суви нокти. Затоа се препорачува да го нанесете ова масло неколку часа пред да одите на маникир или гел лак.

Покрај тоа, маслото за кутикули содржи неколку хранливи материи кои ќе ги направат вашите нокти значително поздрави.

Не нанесувајте премногу слоеви

Кога ги лакирате ноктите, нанесете најмногу 3 слоја лак, не повеќе од тоа. Можеби мислите дека тоа ја прави бојата поизразена, но вистината е дека подоцнежните слоеви не се лепат добро на ноктот, поради што побрзо се лупат.

Исто така, не треба да нанесувате само еден слој. Затоа, оптимумот е два, плус третиот кој е заштитнички.

Нанесувајте заштитен слој на секои неколку дена

Заштитниот слој е всушност проѕирен лак кој треба да го нанесувате над лакот во боја и тоа секој ден. Ако го правите ова редовно, можете да го продолжите времетраењето на лакот за нокти дури и до една недела, особено ако гел-лакот го правите дома и имате УВ ламба.

Носете ракавици кога чистите

Гумените ракавици ќе ја заштитат целата рака, вклучувајќи ги и ноктите, од ефектите на водата и хемиските агенси што ги користите за време на чистењето. Секој контакт со вода ја зголемува можноста лакот да се олупи, а да не зборуваме за хемикалиите.

Многу хемиски производи можат да предизвикаат алергиски реакции на рацете и да го уништат маникирот, па затоа е многу препорачливо да користите заштитни ракавици.

Избегнувајте топла вода

Кога ќе згрешите додека нанесувате лак и случајно ќе го обоите прстот, најдобриот начин да го решите тој проблем е да ги држите рацете во топла вода, бидејќи така најдобро се отстранува лакот. Сепак, истото важи и за лакот за нокти и за вашиот совршен маникир.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma