За вашата постелнина да биде миризлива и свежа секоја вечер: Направете домашен спреј од три состојки

popara4 ноември, 20221min00
soba-1

Подготовката е многу едноставна, а ефектот одличен

Нема ништо подобро од тоа кога ќе ве пречека миризлива и свежа постелнина во вашата спална соба.

Меѓутоа, за тоа да не биде само по миењето, доволно е да направите домашен спреј за освежување на просторијата.

Секоја вечер ќе имате чувство дека се втурнувате во царството на хармоничните мириси, ќе се опуштите и ќе запловите во морето на соништата.

Подготовката е едноставна, а од природни етерични масла можете да направите спреј со кој ќе ги прскате перници и чаршафи.

Во зависност од тоа кој мирис го преферирате – од мирис на море, цитрус, до бор и ливадски цвеќиња – вашиот кревет ќе мириса прекрасно и свежо.

Потребно ви е шише со распрснувач, есенцијално масло по избор (ако сакате посилен мирис ставете 30 капки, а ако сакате поблаг мирис, тогаш 20 капки), 100 мл медицински алкохол и 300 мл дестилирана вода.

Најпрво измешајте ја дестилираната вода и алкохолот, а потоа додадете го етеричното масло. Добро измешајте ги сите состојки и истурете ги во шише со распрскувач.

Препорачуваме комбинација од есенцијални масла од лаванда и сандалово дрво, кои често се користат во медитацијата. Исто така, комбинацијата од камилица и цвет од липа помага да се опуштите побрзо и да го ослободите вашиот ум од негативни мисли.

Испрскајте ја постелнината и ќе мириса како штотуку да сте ја извадиле од машината за перење. Овој ритуал не е замена за класичното перење на постелнината, туку само трик кој на вашата чиста постелнина може да и даде дополнителен мирис и да ви даде чувство на спокојство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag