Пејачката и сестра на светски познатата Мајли Сајрус, Ноа Сајрус искрено проговори за еден вид зависност што ја има од дрогата ксанакс, но детално проговори и за тоа како сакала да се ослободи од зависноста.
Својата приказна ја споделила со магазинот „Rolling Stone“, а во таа прилика признала дека почнала да користи Xanax од 18-годишна возраст, а сега има 22 години.
– Моето момче во тоа време, кога имав 18 години, беше првиот што ми даде Xanax, и тоа стана начин да се поврземе – рече пејачката родена во Нешвил.
– Мислам дека само сакав да се вклопам со него. Мислев дека е кул што сите се на антидепресиви. Кога сфатив дека овој лек ми овозможува да се чувствувам спокојно и да не бидам под стрес, веќе беше доцна, станав зависна, рече таа.
Потоа се присетила на ситуацијата кога испила толку многу Xanax што не можела да се концентрира на интервјуто што го договорила.
„Главата ми паѓаше, очите ми се затвораа, не можев добро да зборувам“, рече таа.
Имала и смрт во семејството. Нејзината баба починала во 2020 година, а таа воопшто не можела да биде со семејството бидејќи користела лекови за смирување.
— Ми требаше време да престанам да користам Xanax и да го поминам периодот на анксиозност и депресија што следеше. Музиката ми помогна да се опоравам – рече таа.