За длабока хидратација: Намирница која прави чуда за кожата

popara30 ноември, 20221min00
516625_why-you-should-start-eating-coconut-oil-and-these-59fc1a997e70f-1320xr_f

Многумина истакнуваат дека ова масло, чиј мирис не носи на егзотични плажи, е одлично за нега на кожата бидејќи содржи голем број состојки кои и даваат мекост и еластичност.

Оваа состојка е позната по својата повеќенаменска употреба во светот на убавината и здравјето.

Кокосовото масло се извлекува од месото на зрели кокосови ореви, кои се наоѓаат на специјални кокосови палми.

За употреба во нега на кожата, се препорачува нерафинирано, девствено или екстра девствено, ладно цедено кокосово масло, истакнува д-р Сузан Фридлер од Њујорк.

Значи, јасно е дека се работи за производ кој мора да биде природен и произведен на посебен начин, па затоа треба да внимавате од каде го набавувате.

Една од главните улоги што може да ја игра кокосовото масло во вашата секојдневна рутина за нега на кожата, без разлика на возраста, е длабинската хидратација.

Одговара на сите типови на кожа на лицето и може да се комбинира со други природни производи како креми со шеа путер, алое вера и слично.

Кокосовото масло е богато со масни киселини, особено со лауринска киселина, која има одлични антибактериски и антимикробни својства. Постои и линолеинска киселина, која е позната по своите хидратантни својства.

Навлажнувачките својства на кокосовото масло можат да бидат корисни за поправка на заштитната функција на кожата, што е многу корисно доколку имате сува, чувствителна кожа или атопичен дерматитис.

Покрај тоа што е супер навлажнувачко, кокосовото масло има способност да делува како заштитен слој кој се наоѓа на врвот на кожата и ја заклучува влагата, а исто така го спречува трансепидермалното губење на вода (кога влагата поминува низ кожата и испарува во воздухот).

Исто така, кокосовото масло е многу добро за хидратација по прекумерно изложување на УВ зраци.