Веќе многу пати сте слушнале дека треба да ги четкате забите најмалку три пати на ден и редовно да користите конец, но постојат некои помалку познати факти за исхраната и хигиената кои се важни за здравјето на вашите заби.
Совети кои не треба да се игнорираат, доколку им мислите добро на вашите забите:
Не ги мијте забите веднаш по оброкот
Многу е лесно да се оштети забната глеѓ на овој начин, особено ако користите четка со поцврсти влакна.
Веднаш после јадење, забната глеѓ станува малку помека и поради оваа причина стоматолозите препорачуваат да ги миете забите 30 до 40 минути по оброкот.
Кафето не е пријател на вашите заби
Сите сакаме кафе, но тоа не го менува фактот дека тоа не е добро за здравјето на нашите заби, особено кога го консумираме со шеќер.
Проблематично е и тоа што долго пиеме една шолја од овој напиток. Јасно ни е дека кафето стана ритуал во кој уживаме секое утро на работа или во кафуле со пријателите, но за забите подобро би било да го испиеме што поскоро.
Посетителите на базени треба да бидат внимателни
Нема да ви кажеме да се лишите од задоволство какво што е пливањето. На крајот на краиштата, оваа активност е здрава за вашето тело. Сепак, постои еден проблем.
Водата во базените содржи хемикалии за дезинфекција кои се многу лоши за вашите заби. Поради оваа причина, избегнувајте базени барем во лето кога имате можност да пливате во солена или слатка вода.
Гравот е само за оние со здрави заби
Ако имате кариес, кажете му збогум на гравот. Оваа намирница содржи протеин кој предизвикува неконтролирана клеточна делба и може да доведе до сериозни инфекции.
Не ставајте пирсинг на јазикот
Вашите заби и непца се подложни на оштетување кога носите накит на јазикот, а да не зборуваме за инфекции. Најдобро би било да заборавите на овој начин на украсување на вашето тело.