„За мене нема лек “: Селин Дион во солзи им се обрати на обожавателите (ВИДЕО)

popara8 декември, 20221min00
8832104e232ac1aecb765080f626205081c75d1c

Дивата има ретко пореметување

Селин Дион неодамна откри дека боледува од реткото нарушување „SPS“ (Stiff Person Syndrome), кое предизвикува неконтролирано стегање на мускулите.

Познатата пејачка во видеото кое го објави на својот Инстаграм профил го сподели ова сознание со своите фанови и откри како се манифестира оваа ретка болест.

Таа е во солзи и вели дека ќе мора да ја откаже европската турнеја:

“Здраво на сите, извинете што ми требаше толку време да разговарам со вас. Многу ми недостигате и едвај чекам да разговарам повторно со вас од сцената – започна Селин, а потоа во солзи продолжи:”

– Отсекогаш сум била како отворена книга, но до сега не бев подготвена да зборувам за ова. Неодамна ми беше дијагностицирано ретко нарушување кое погодува еден од милион луѓе во светот. Барем сега ми е јасно зошто имам напади на спазам. За жал, спазмот ми го нарушува секојдневието. Понекогаш не можам да одам, понекогаш не можам да зборувам или да пеам. Многу ми е жал, но не верувам дека ќе успеам да ја започнам турнејата во февруари следната година. Работам со најдобрите лекари и спортски лекари за повторно да си ги вратам силите и способноста за настап, но морам да признаам дека тоа е тешка битка.

-Додека сè уште учиме за оваа ретка состојба, сега знаеме дека тоа била причината за грчевите од кои страдав – истакнува познатата пејачка и продолжува:

– За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот живот и ми го отежнуваат движењето, и не ми дозволуваат да ги користам гласните способности на начин на кој сум навикната. Тешко ми е да ви кажам дека тоа значи дека нема да бидам подготвена да ја продолжам европската турнеја во февруари, како што беше претходно најавено. Ве сакам и се надевам дека наскоро повторно ќе се видиме – завршува Селин.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag