За младенците подарок од Дејвид вреден 400.000 евра! Никој освен нив нема да може да го има ова

popara30 април, 20221min00
Screenshot_4

Гордиот татко не се штедел, па ги оставил сите без текст со свадбениот подарок за Бруклин и неговата избраничка

 

 

Познатиот пар Викторија и Дејвид Бекам неодамна го ожени најстариот син Бруклин Бекам, а гордиот татко не штедел на свадбениот подарок.

 

Бруклин ѝ кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Никола Пелц на луксузниот имот на нејзиниот татко вреден 103 милиони долари во Палм Бич, Флорида, а тој го зел и презимето на сопругата и потпишал предбрачен договор.

 

Свадбата на годината за 600 елитни гости чинеше повеќе од 3.000.000 фунти, а Бакам на младенците им подари исклучително скап подарок „Јагуар XK140“ од 1954 година, кој беше редизајниран да биде целосно електричен.

 

Според странските медиуми, скапиот автомобил чинел 417.000 евра, но тоа што Бекам е инвеститор во компанијата Луназ, која се занимава со реконструкција на автомобили, значи дека можеби не морал да плати. Таткото на младоженецот побарал од нив да ја обојат надворешноста на автомобилот во сина нијанса, која никој нема да може да ја добие во иднина.

brooklyn-beckham-nicola-peltz-jaguar-xk140-830x0
brooklyn-beckham-nicola-peltz-jaguar-xk1402-830x0
brooklyn-beckham-nicola-peltz-jaguar-xk1403-830x0

– Со создавањето на овој прекрасен електричен „јагуар XK140“, го поврзуваме професионалниот живот на Дејвид Бекам со неговиот семеен живот. Овој прекрасен автомобил е совршен подарок за Бруклин и неговата невеста Никола на денот на нивната венчавка. Ултра-класичниот електричен автомобил Луназа симболизира светла иднина – изјави основачот на компанијата Дејвид Лоренц.

 

Да потсетиме, најголема „прашина“ околу венчавката крена предбрачниот договор кој, како што претходно пишуваа британските медиуми, го изненадил Бруклин, но тој се согласил да го потпише.

 

Ова не е невообичаено ако се земе предвид дека таткото на Никол е американскиот бизнисмен Нелсон Пелц, чие богатство се проценува на 1,3 милијарди фунти, што е приближно три пати повеќе од имотот на Бекамови. Богатството на Дејвид и Викторија вреди 380 милиони фунти, што е импресивно, но не во круговите на милијардерите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma