Во далечната 1994 година на Евровизија во Ирска се случи нешто што не се случува секој ден. За време на ревијалниот дел настапи тогаш непознатата играчка трупа Риверденс.
Настапот беше отворен со песна, а најдоброто допрва следуваше. Танчерката Џин Балтер танцуваше традиционален ирски танц на подиумот, а брзо ѝ се придружи и нејзиниот колега Мајк Флетли, кој едноставно ја воодушеви публиката со својата кореографија.
Но, тоа не беше се.
Џин и Мајкл играа заедно на сцената, а потоа на сцената им се придружија десетици играчи. И тогаш дојде вистинскиот спектакл.
Сите заедно зачекорија на музиката на Бил Вилан и делуваа како една целина. И денес за многумина ова е најдобриот настап на Евровизија досега.
Салата во Даблин „зоври“ по настапот на групата Риверденс, а публиката ги награди уметниците со громогласен аплауз и овации.
Тоа беше момент за во историјата.
По Евровизијата во Ирска, лудилото за трупата Риверденс се прошири низ светот. Тие настапуваа низ целиот свет, а претставите беа главно распродадени.
Мајк Флетли, кој ја основа својата сопствена трупа Lord of The Dance, и Ривер Батлер го напуштија Риверденс.
Да се потсетиме на легендарниот настап на трупата Риверденс на Евровизија во Ирска во 1994 година: