Кралското семејство има строги правила, па нема простор за слободната волја на принцовите и принцезите да се облекуваат како што сакаат и да ги прекршуваат протоколите.
И додека правилата важат за сите, принцезата Јуџин направи исклучок кој е сосема невообичаен. Принцезата се појави во впечатлив стајлинг облечена во светло портокалов фустан, но на сите им привлече внимание нешто сосема друго.
Имено, принцезата Јуџин има тетоважа зад левото уво, а тоа е мал круг кој едвај се забележува, но како таков и е забранет на една принцеза, бидејќи правилата се многу строги.
I didn’t know Princess Eugenie had a tattoo!🖤 pic.twitter.com/jCBdKeGFuY
— Ave (@royalimposters) June 3, 2022
Да потсетиме, принцезата е позната по разни скандали кои ги приредувала во средно училиште, па познато е дека на 18 години за малку ќе ја избркале од средно училиште, што нејзините родители скапо го платиле, бидејќи имала роденденска забава со 20 пријатели на која имало алкохол. Во еден момент забавата ја достигнала својата кулминација кога другарите толку се опијаниле што целосно се соблекле и трчале низ дворот.
Во исто време се фотографирале голи, а набрзо дошол директорот на училиштето и ја прекинал забавата.
Бидејќи принцезата Јуџин била гола, таа вечер го добила прекарот „Нимфата што трча“.