ЗА СЈАЈ И ВОЛУМЕН КАКО ОД САЛОН: Пробајте ја најпопуларната техника на обратно миење на косата

popara3 декември, 20221min00
582167_pexels-ron-lach-8154373_f

Овој метод на миење особено им се препорачува на оние кои имаат тенка коса и коса склона кон мастење.

Можеби мислите дека миењето на косата не е нешто на што треба да обрнувате премногу внимание, но миењето со шампон и плакнењето на косата бара одредени правила.

И додека веќе стана рутина која механички ја правиме уште од мали нозе, не заинтригираа видеата на мрежите каде девојките си ја мијат косата обратно.

Имено, станува збор за нанесување на маска и балсам само на скалпот, а тоа е и првиот чекор – пред шампонирањето. Балсамот треба да го држите пет минути, по што косата полесно ќе ги впие хидратантните состојки од шампонот и препаратите кои ги користите по миењето.

Значи, трикот е да ја нахраните косата од темето до врвовите, а потоа да ја шампонирате за да ја отстраните целата нечистотија од темето.

А кои се придобивките од обратното миење на косата?

Косата е неверојатна, мека и негувана така што има значително поголем волумен кај коренот. Тоа е затоа што не го нанесувате регенераторот по целата коса и со тоа не ја отежнувате.

Имајќи предвид дека главните предности на обратното миење вклучуваат длабока хидратација на косата, овој метод на миење особено се препорачува за оние кои имаат тенка коса и коса склона кон мастење.

Секако, не заборавајте да нанесете производи кои ја штитат вашата коса од прекумерна топлина пред да ја стилизирате и да ја исушите наопаку за да го зголемите волуменот.