Кога станува збор за вработување луѓе кои се грижат за нив и им обезбедуваат безгрижно секојдневие, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон имаат највисоки можни стандарди. За нивната безбедност се грижат оние кои се најдобри во својата работа, а така е и со готвачите, дадилките, чистачките, возачите, стилистите… И сите тие секогаш започнуваат со првото и најважно правило кое вклучува работа за Кембриџи – дискреција.
Според The Sun, Кејт и Вилијам не толерираат какви било озборувања во палатата Кенсингтон, а кога еднаш објавија оглас за една позиција на нивната веб-страница, беше нагласено дека кандидатите мора да бидат добри во „чувањето на доверливоста и дискрецијата“.
Познавачите на состојбите во кралското семејство посочуваат и дека во разговорите со децата има „забранет збор“ во училиштето за дадилки во кое учеле сите жени кои подоцна се грижеле за принцовите и принцезите во Велика Британија. Имено, наместо да го користат зборот „деца“, тие секогаш мора да ги кажуваат имињата на децата во семејството.
– Тоа е знак на почит кон децата како поединци – истакна Луиз Херен за Мирор, која дипломирала на познатиот колеџ Норланд во Бат, каде што се школуваат идните најценети дадилки во Британија.