„За храбрите Украинци кои се борат против бруталната тиранија“: Стинг ја објави песната „Russians“

popara25 март, 20221min00
1648221873663-sting-830x0

– Исто така и за многу Руси кои протестираат против ова злосторство, без разлика на заканата дека ќе бидат уапсени и затворени – изјави британскиот музичар.

Познатиот британски музичар Гордон Самнер, попознат како Стинг, на својот канал на Јутјуб ја објави песната „Russians“ која ја посвети на украинскиот народ. Тој апелираше војната да заврши.

– Ретко ја пеев оваа песна во текот на сите овие години откако е напишана, бидејќи никогаш не мислев дека повторно ќе биде актуелна, но во светло на крвавата и погрешна одлука на еден човек да ги нападне мирните соседи кои не се закануваат, оваа песна уште еднаш е, молба за нашата заедничка хуманост – рече Стинг и додаде:

– За храбрите Украинци кои се борат против бруталната тиранија и исто така за многу Руси кои протестираат против ова злосторство, без оглед на заканата дека ќе бидат уапсени и затворени. Сите ги сакаме нашите деца. „Ајде да ја завршиме војната“, рече Стинг пред да ја изведе песната.

Стинг – „Russians“:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma