Збогум на импулсивните купувања: Заштедете пари со помош на правилото „30 дена“

popara20 октомври, 20221min00
o_26573439_1280

Одлуката да купуваме попаметно и поодржливо е секогаш за пофалба, но секој што ја направил брзо открил колку е тешко да се одолее на импулсните купувања кои веднаш ни го подигнуваат расположението, но оставаат долгорочни последици врз нашиот буџет.

За импулсивни купувања, без разлика дали се работи за оние чизми кои не ни се потребни, а беа на распродажба или онлајн купување што не изгледа како вистинско купување, обично се каеме и си ветуваме дека нема да се повтори. И потоа го прекршуваме тоа ветување.

Како решение за овој проблем, во светот се попопуларно е правилото на 30 дена кое помага во штедењето.

Самото правило не е голема наука – кога ќе видите нешто што ви се допаѓа, почекајте 30 дена пред да го купите. Доколку сепак ви се допаѓа по тој рок, слободно купете го.

Ако заборавите на тој предмет или се предомислите за тоа – ќе заштедите пари.

Ако сакате да одите чекор понатаму, можете да одвоите пари еднакви на вредноста на артиклот што би го купиле, па ако одлучите дека не го сакате по 30 дена, тие пари се претвораат во заштеда.

Ако долго време размислувате да купите автомобил, да реновирате стан или некоја друга голема финансиска зделка, ова правило може да ви покаже колку избегнувањето на импулсни купувања придонесува за постигнување на поголема цел.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag