Звучи чудно, но делува: Чајот со МРАЗ е нов трик кој го зајакнува имунитетот и штити од НАСТИНКА

popara15 декември, 20221min00
shutterstock_532504462-2048x1524

Еве како се прави

Зимската сезона е време на вируси, грип и настинки, па затоа е многу важно да се работи на превенција и зајакнување на имунитетот. Еден начин да го постигнете тоа е редовно да пиете овошни и билни чаеви кои се полни со витамини, особено ако ги пиете со мед и лимон. Но, овојпат имаме одличен трик за вас кој пиењето чај ќе го подигне на повисоко ниво, а уште повеќе ќе го заштити вашето тело за време на ниските зимски температури. Тоа се коцки мраз со ѓумбир и лимон!

Ова се коцки мраз збогатени со здрави и намирници кои се одлични за имунитетот. Ако ги измешате овие состојки, ќе го снабдите телото со витамини и хранливи материи што му се потребни за нормално функционирање. Ако имунолошкиот систем може да функционира правилно, ќе може подобро да се одбрани од вируси и бактерии.

Ѓумбирот е екстремно антивоспалителен корен, па добро ќе ви дојде во зима. Чајот од ѓумбир може да помогне со болно грло, да ја стимулира циркулацијата и благотворно да делува на варењето. Покрај тоа, го подобрува либидото. Значи, тоа е состојка која мора да ја имате во домот во текот на зимата. Од друга страна, лимонот содржи многу витамин Ц и поволно делува на кожата и варењето.

Ваквиот чај со коцки мраз можете да го пиете кога сакате во текот на денот, а неговата предност е што брзо се лади, па затоа е идеален за утринските часови кога немате премногу време. Еве како да го подготвите:

Потребни ви се само 3 состојки:

рендан ѓумбир

сок од 4 лимони

вода

Подготовка:

Излупете и изрендајте околу четвртина шолја ѓумбир. Исцедете 4 лимони, а потоа измешајте ги двете состојки заедно. Распоредете ја смесата рамномерно во калап за мраз и прелијте со вода да се пополни просторот, па ставете го калапот во замрзнувач.

Но, покрај тоа, не заборавајте да се грижите и за вашето општо здравје, редовно да вежбате, да се храните здраво и редовно да ги проветрувате просториите. На овој начин најдобро ќе го заштитите вашето тело во текот на зимската сезона.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma