Актерката Џулија Робертс уште една покажа зошто важи за една од најубавите и најдобро стилизираните жени на светот.
Робертс со години покажува склоност кон оделата, а може да се каже дека тој „бран“ започна од доделувањето на Златните глобуси во 1990 година кога одржа модна лекција, појавувајќи се во сиво одело на Џорџо Армани.
Освен оделата, актерката е љубител и на ригите, а кога овие две нешта ќе се спојат, погледите се свртени само кон неа.
Така било и неодамна во Њујорк кога Џулија ги воодушевила сите присутни со својот моден избор. За оваа прилика одлучила да облече предимензиониран мантил во жолти и сини риги, а под него носела комплет кој се состоел од мини здолниште, сако и вратоврска во сиви нијанси. Ваквата комбинација малку ја „смирила“ со бела кошула, црни хулахопки и едноставни сиви чевли.
Со оглед на беспрекорниот стајлинг, актерката се одлучила за благо кадрава пуштена коса, минимална шминка и секако – нејзината насмевка од милион долари.