Оваа група на луѓе треба да ја избегнува
Невозможно е да се замисли есента без вкусни тикви кои можат да се јадат на различни начини.
Покрај тоа што е многу вкусна, таа е и здрава, а содржи и бројни витамини кои му се неопходни на организмот.
Содржи бета-каротен, кој се претвора во витамин А, а богата е и со калиум и витамин Ц. Масти речиси и да нема, бидејќи 100 грама тиква има само околу триесет калории. Поради сето ова, тиквата е наречена ѕвезда на есенското мени.
Тиквата може да се консумира сирова, варена, печена или пржена. Покрај месестиот дел се користат и нејзините семки кои содржат значително поголема енергетска и хранлива вредност од месестиот јадлив дел од тиквата. Семето содржи 30 проценти протеини и 25 до 38 проценти масно масло. Тиквата е лесно сварлива, па дури и бебињата можат да ја јадат. Исто така, се препорачува за трудници, доилки, лица со заболен црн дроб и мажи со заболена простата бидејќи ги намалува тегобите.
Експертите тврдат дека тиквата е многу корисна и помага во детоксикација на организмот. Содржи каротеноиди корисни за очите и кожата, а семките имаат антихелминтично дејство. Сепак, нутриционистката Олга Перевалова предупредува дека тиквата не е погодна за луѓе со гастроинтестинални заболувања.
– Ова овошје може да ја оштети мукозната мембрана и да предизвика дијареа. Ако некое лице има отежнати гастроинтестинални заболувања, како што се гастритис, колитис, чиреви и труење, тогаш не само тиквата, туку и секој друг зеленчук му е контраиндициран – тврди таа.
Олга истакнува дека човек кој нема здравствени проблеми може секој ден да јаде тиква. Дневната порција е 200-300 грама.