Здрави топчиња со ореви и кокос: Десерт кој ќе го јадете без грижа на совест

popara31 мај, 20221min00
kuglice-sa-kokosom-830x0

Повеќето од оние кои се придржуваат до принципите на здрава исхрана често си го поставуваат прашањето – „што слатко можам да јадам?

Овие здрави колачиња се направени од седум состојки, а повеќето од нив веќе ги имате дома. Основата е бадемово брашно, па затоа се без глутен.

Состојки:

100 гр бадемово брашно
3 лажици путер
4 лажици кафеав шеќер
една лажичка ванилин екстракт
прстофат сол
1/3 шолја сецкани ореви
кокос во прав

Во поголем сад измешајте ги брашното, путерот, шеќерот, екстрактот од ванила и солта. Мешајте додека не направите тесто од состојките. На почетокот ќе изгледа малку суво, но не грижете се, само продолжете да го мешате тестото. Кога тестото ќе се соедини, додадете ги сечканите ореви.

Направете топчиња од тестото и наредете ги во сад за печење така што да бидат оддалечени еден сантиметар.

Печете ги 20 минути на 180 степени. Кога ќе бидат готови, оставете ги да се изладат 15 минути.

Во сад ставете го кокосот и секое колаче ролајте го посебно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma