Здравствени придобивки од грејпфрутот

popara13 декември, 20221min00
Screenshot_1

Иако заради својата горчина и киселост, грепфрутот на многумина не им е омилено овошје, истиот содржи големи количини витамини и минерали кои се од огромен бенефит за нашиот имун систем и метаболизам.

 

 

 

 

Експертите веруваат дека подобро е да се конзумира црвениот грејпфрут заради тоа што содржи и Lycopene кој е силен антиоксиданс и помага во спречување рак и заболувања кои го пратат процесот на стареење.

 

Го зајакнува имуниот систем

 

Секое овошје богато со витамин Ц обезбедува поддршка за имуниот систем. Одржување на добро ниво на витамин Ц помага во контрола на алергии бидејќи го намалува нивото на хистамин. Во пола грејпфрут има 78% од дневните потреби за витамин Ц.

 

Го забрзува метаболизмот

 

Популарно овошје за оние кои слабеат. Истражување покажало дека конзумирање на пола грејпфрут пред секој оброк без никаква промена на исхрана ќе ви помогне да изгубите 3 килограми во следните 12 недели.

 

Го намалува ризикот од камен во бубрег

 

Нарингенин – одговорен за горчливиот вкус на грејпфрутот – учествува во превенција  на  формирање камења во бубрег како и  од појава на други патолошки состојби на бубрезите.

 

Спречува болести на непцата

 

Со само два грејпфрута на ден може да спречите и оштетување на вашите непца. Истражување во 2005 година докажа дека дневно конзумирање грејпфрут значително го намалува крварењето на непцата и помага во нивно забрзано заздравување.

 

Штити од рак

 

Витаминот Ц има огромно влијание во намалување на ризикот од рак а во тоа од огромна помош е и Lycopene кој е силен антиоксиданс и се содржи во црвениот грејпфрут.

 

Помага во намалување стрес

 

Не мора да конзумирате грејпфрут за да уживате во овој бенефит. Дури и самиот мирис на грејпфрутот е докажано дека влијае во намалување на нивоата на стрес и придонесува за смиреност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma