„Зелени знаменца“ – Овие две нешта покажуваат дека вашата врска има ИДНИНА

popara28 јули, 20221min00
Ljubavni-par

Како што постојат „црвени знаменца“ кои укажуваат дека е време да ја напуштите врската, исто така има и „зелени знаменца“ кои велат дека сте ја нашле вистинската личност за вас.

Тоа значи дека имате некој до вас кој ги задоволува вашите потреби и успева да ги препознае. На пример, се чувствувате безбедно, привлечно и прифатено.

 

1. Добро се познаваат себеси и се задоволни со себе
Ова обично значи дека личноста знае што бара во романтична врска и дека е подготвена да биде отворена и искрена во разговорите со вас и со другите луѓе. Според експертот за врски, Лорел Хаус, еден од показателите е фактот колку некој се грижи за себе.

Редовната физичка активност и здравата исхрана покажуваат дека се работи за посветена личност која има приоритети.

2. Прифаќаат „не“ како одговор
– Тоа е голема работа. Вашето „не“ нема потреба од објаснување и дополнителни преговори, вели лиценцираната брачна и семејна терапевтка, Жаклин Мендез.

Тоа значи дека за вашиот партнер, фокусот не е само на вашата физичка врска. Се разбира, физичката страна на романтичната врска е важна, но ако тоа е нечија главна или единствена грижа и фокус, тогаш зборуваме за црвено знаме. Но, ако некој е заинтересиран за вас и го интересира секој аспект од вас, а не само прашањето што може да добие во таква врска, тогаш тоа е дефинитивно зелено знаме.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma