Сè што прави Zendaya станува тренд број еден, вклучувајќи ја и новата фризура која владее неколку години.
Фризерот на славните личности Лук Хершесон отиде дотаму што ja прогласи за најголем тренд и за следната година, пишува магазинот Vogue. Оваа фризура со ентузијазам беше прифатена од многу ѕвезди како Хелена Кристенсен, Дуа Липа и Каја Гербер, а сега им се придружи и Зендаја – која оваа фризура ја направи своја.
Zendaya shares a new post on Instagram! pic.twitter.com/nsmQ96cTys
— Zendaya Updates (@Zendaya_Updated) December 21, 2022
На еден настан во Лос Анџелес, 26-годишната актерка се појави со краток боб и со тоа привлече големо внимание во јавноста. Разделена на страна и многу волумен е новата фризура на Зендаја и неодоливо потсетува на оние ретро од педесеттите години на минатиот век.
Иако беше инспирирана од косата која се носеше во минатиот век, Зендаја изгледа многу модерно, што оваа фризура преку ноќ стана најпребарувана на интернет, па свое мислење даде и магазинот Vogue, а тоа е дека е најубавата фризура за 2023 година.
Исто така, во оваа прилика Зендаја уште еднаш покажа дека е кралица на стилот. Таа носеше црна блуза со бисерни копчиња и црно-бело карирано миди здолниште од Schiaparelli. Целиот овој одличен аутфит таа го зачини со познатите чевли на Christian Louboutin.