Зошто епидемијата на корона вирусот не заврши кога најтешкиот период е зад нас?

popara31 август, 20221min00
Screenshot_9

Една третина од светската популација останува невакцинирана, вклучувајќи две третини од здравствените работници и три четвртини од постарите лица во земјите со ниски приходи

 

 

Во текот на 2022 година во светот имало еден милион смртни случаи од корона вирусот, потврди Светската здравствена организација.

 

Од почетокот на пандемијата во Кина во 2019 година, ширум светот се пријавени речиси 6,45 милиони смртни случаи, пишува „Дејли мејл“.

 

И покрај надежите дека епидемијата ќе заврши, оваа година веќе се регистрирани милион смртни случаи, најмногу во Америка, Русија, Бразил и Индија.

 

Д-р Тедрос Гебрејесус, шеф на агенцијата на Обединетите нации, рече дека не можеме да кажеме дека сме научиле да живееме со корона вирусот кога сѐ уште се случуваат десетици илјади смртни случаи предизвикани од Ковид.

 

Повеќето земји ги ублажија или ги укинаа ограничувањата поврзани со спречување на ширењето на Ковид, бидејќи се појави поблаг вид на вирус кој всушност е како настинка кај повеќето заразени луѓе.

 

– Оваа недела ја минавме границата од еден милион пријавени смртни случаи од почетокот на годинава. Не можеме да кажеме дека научивме да живееме со Ковид кога голем број луѓе се уште умираат, а веќе две и пол години сме во пандемија и ги имаме сите потребни алатки за да спречиме смртни случаи – рече д-р Гебрејесус.

 

Докторот додава дека единствено решение е да се вакцинираат повеќе од 70 отсто од населението. Сепак, 136 земји не успеаја да ја постигнат оваа цел, од кои 66 сè уште имаа ниска покриеност, под 40 проценти од вакцинираните.

 

– Една третина од светската популација останува невакцинирана, вклучувајќи две третини од здравствените работници и три четвртини од постарите лица во земјите со ниски приходи – рече тој.

 

Д-р Дерик Сим, директор на Меѓународната алијанса за вакцини, вели дека милион смртни случаи од Ковид оваа година е превисок.

 

Варијантата на вирусот Омикрон опфаќа 99 отсто од примероците на вируси кои се собрани во последниот месец. Најмногу се работи за подваријантата BA.5 на вирусот, која сочинувала 74 отсто од примероците.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma