Зошто луѓето имаат потреба да ги изневеруваат партнерите што ги сакаат? Многумина се трудат да одговорат на ова прашање, а еден психијатар успеал во тоа
Сите би сакале љубовта да трае засекогаш и цел живот да го сметаме партнерот за „наш“. Но, за жал, не е секогаш така. Љубовта не е нешто што има гаранција, треба да ја негуваме и чуваме, а не да ја земаме здраво за готово.
Ако сакате верност, доверба, почит, истото тоа мора да го дадете за да можете да го очекувате за возврат. Но се случува тоа да биде еднострано. Само вие да бидете страната што се труди, а другата да не се труди или барем не повеќе.
Во тој случај, едната личност е несреќна, а другата бара прилики и задоволство со други луѓе, се крие, изневерува… Можеби ќе ви каже дека ве сака, но не може истовремено да постои и љубов и предавство. Бидејќи ако личноста ве сака, нема да ве изневери, зар не? Нема да има потреба да бара некој друг, ако ве сака и ако е среќна и исполнета со вас.
Меѓутоа, ако дојде до неверство, не значи дека никогаш не постоела љубовта, можеби се потрошила со текот на времето или изгубила од многу различни причини. Партнерите се отуѓиле, го запоставиле својот однос, секој отишол по свој пат, го изгубиле она што ги поврзувало. Секако, се случува и тоа едната страна да одлучила да го прекине односот, додека другата и понатаму негува силни чувства. Меѓутоа, никогаш не можете да го натерате некого да ве сака. Не постои љубов на сила. Таа или се случува или не се случува, или се надминуваат искушенијата или не. Едноставно мора да се помирите со тоа, колку и да е тешко.
Познатиот австралиски психијатар Виктор Франкл одамна кажал една мудра реченица за која вреди да се размисли:
„Лојалноста е една од задачите на љубовта – но тоа секогаш е задача само за оној што сака, и никако не може да биде барање упатено кон партнерот.“
Верноста не се очекува, ниту може да се побара. Ниту можете, ниту треба да го натерате партнерот да ви биде лојален. Тоа не е ваша работа. До таа спонтана „одлука“ треба да го одведе чистата и искрена љубов кон вас. Ако искрено ве сака, вие ќе бидете единствената личност што постои за него и никогаш нема да има потреба да погледне некој друг.