Јајцата не треба да се мијат пред варење, бидејќи лушпата содржи природни материи, кои како обвивка го штитат јајцето од бактерии.
Водата ја уништува таа заштита, па јајцата не е добро да се мијат.
Со миење на јајцата го поттикнуваме пренесувањето на штетните бактерии, како што е салмонелата, од надворешната страна на лушпата во внатрешноста на јајцето. Кога ќе го измиете јајцето, ја отстранувате таа природна заштита на лушпата, а доколку е напукната, штетните бактерии лесно ќе поминат внатре во јајцето каде што имаат идеални услови за размножување.
Ако не ги варите јајцата доволно долго, бактериите ќе стигнат до вашето тело.
Природната заштитна „облога“ на лушпата од јајцето е првата линија на одбрана од бактерии, а се отстранува со миење при подготовка за пакување и продажба. Во индустриски услови се заменува со тенок премаз од масло за јадење кое ја враќа заштитата и е корисно доколку имате намера да ги чувате јајцата некое време.
Ако имате сопствен кокошарник и одгледувате кокошки носилки, не ги мијте тие јајца кои се полни со пердуви, измет и нечистотија. Ако навистина инсистирате, користете сув сунѓер и исчистете ја нечистотијата без да користите вода.