Во зимскиот период вирусите се многу поотпорни, а нашиот имунитет е намален, па резултатот е почести настинки.
Факт е дека во студените месец се разболуваме почесто отколку во топлите, но дали е вистина и дека токму студот е виновникот?
И покрај стереотипот студ = настинка, не треба да заборавите дека настинките всушност се предизвикани од вируси. Па, така дури и да „смрзнете“ од студ тоа не значи дека ќе се разболите.
Причини зошто во зима се разболуваме почесто:
- Во овој период дехидрацијата на носната лигавица дозволува патогените бактерии лесно да влезат во нашето тело. Природната заштитна бариера е намалена.
- Кусите зимски денови не само што влијаат на нашето расположение, туку влијаат и на лачењето на витаминот Д, кое е намалено поради намаленото ниво на сончеви зраци. Недостигот на овој витамин води до слабеење на имунитетот.
- Ладното предизвикува крвните садови да се стеснуваат што ги прави побавни белите крвни зрнца, кои се главни борци со вирусот. Како резултат на тоа имаме намален имунитет.
- На ниските температури надворешноста на вирусите се зајакнува и го штити вирусот како школка и со тоа тој се шири полесно. На повисоки температури школката станува слична на гел и со тоа вирусот е поранлив.
За да ја спречите појавата на вируси:
- Минувајте повеќе време на отворено.
- Одржувајте ја хигиената во домот.
- Јадете здрава храна.