Зошто избирате погрешни љубовни партнери – заслужувате да ви возвратат на најдобар можен начин!
Љубовта е избор. Зошто тогаш избираме емотивно недостапни луѓе, односно оние кои не нè избираат нас. Кога некој ни се допаѓа, има симпатии и чувства на љубов, а другата страна не сака врска, не е заинтересирана за нас или сака некој друг, тоа може да биде болно.
Невозвратената љубов понекогаш е тешка вистина со која не е лесно да се соочиме. Зошто избираме партнери за кои знаеме дека нема да ни го дадат она што го очекуваме во емотивната врска?
Ако често се заљубуваме во „погрешна“ личност, резултатот од оваа поврзаност е секогаш ист: чувство на отфрлање, несигурност, фрустрација, незадоволство. Постојат неколку причини зошто повторуваме такви сценарија, а една од нив може да биде последица на емоционална несигурност од детството. Ситуациите од детството можат да влијаат на целиот живот, дури и оние на кои не се сеќаваме, а останале во нашата потсвест. Тоа може да биде оддалеченоста на едниот родител, семејство во кое братот или сестрата добивале многу повеќе внимание, лошиот однос помеѓу родителите што влијаел на детето…
Кога избирате некој за кој не сте сигурни дека ќе ви возврати на љубовта, застанете и слушајте ја вашата интуиција. Нашата интуиција секогаш ни кажува кога некаде ќе ја поминеме границата. Кога ќе почувствувате дека нешто не е во ред, застанете и сфатете што навистина се случува.
Погледнете го вашето минато и анализирајте го вашето семејство, како и другите емотивни односи. Каков однос имавте со родителите? Дали ви пречи некое сеќавање од минатото? Дали ја имавте љубовта што ја заслужувате додека растевте? На овој начин, можете да разберете како вашата околина всушност влијаела на создавањето на вашата перцепција за врските и љубовта.
Никогаш не се обидувајте да ги скриете вашите емотивни рани! Откако ќе разберете што е проблемот, не го кријте. Мора да ја погледнете вистината во лицето и засекогаш да се ослободите од негативните верувања и шеми на размислување. Вашиот партнер е вашата пракса. Внимавајте како се однесувате кон него, какво однесување предизвикува одредена реакција кај вас – станете посвесни што правите и како се чувствувате.
Доколку имате проблем во емотивните односи, често правите погрешни избори и се чувствувате лошо поради тоа, побарајте помош од експерти во форма на психолози и психотерапевти. Може да добиете корисни алатки и техники кои ќе ви помогнат да ги ослободите негативните искуства од минатото, да залечите емоционални рани и да сфатите дека сте битие вредно само за вистинска и искрена љубов.